Членовите на академскиот и административниот кадар, доц. д-р. Мајлинда Аџиу, д-р. Ќазиме Шерифи и Арта Аџиу Адеми денеска пред матурантите од гимназијата „Цар Самоил“ во Ресен и пред матурантите во Битола ги претставија многуте студиски програми кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тие беа информирани за можностите за студирање во дефицитните области, кои на УМТ се можни во рамките на осумте факултети.
Покрај условите за студирање, новиот комплекс на УМТ, можностите за мобилност, матурантите исто така беа информирани и за стипендиите кои се нудат врз основа на заслуга.
УМТ им се заблагодари на раководниот кадар на СОУ „Цар Самоил“од Ресен и на директорот на „Музејот на албанската азбука“ за организирањето на учениците и достоинственото гостопримство на нашиот Универзитет.