Скопје, 29.05.2023 година Проф.д-р Мехмет Булут, поранешниот ректор на Универзитетот Сабахатин Заим од Истанбул, на покана на УМТ, денеска одржа предавање пред студентите на на Факултетот за техничките науки и Економскиот факултет при УМТ, на тема „Заработување пари, во рамките на етичката економија“.
Проректорот за финансии и професор на Економскиот факултет доц.д-р Бујамин Бела рече дека искуството на професорот Булут во банкарските монетарни системи е големо, а истото е пренесено и во многу негови дела кои се од областа на економијата.
Професорот Булут се фокусираше на етичкиот аспект на заработување, и направи споредба помеѓу раните банкарски системи во Западна Европа и Отоманската империја. Првите модели на банки, рече Булут, беа отворени токму на Балканот, а откако покажаа успех беа отворени и во други делови на империјата, во Северна Африка и на Блискиот Исток.
„Главната цел на економските политики на европските национални држави беше да се искористи моќта на државата за да се промовира трговијата и економскиот раст и да се изгради национална индустрија и производство, додека Отоманската империја продолжи да ја следи својата провизионистичка, фискална и традиционална економија, политики на проширување на земјината површина во раниот модерен период“, рече Булут.
„Во Западна Европа, од оваа искуство се појави нова класа која постепено ја подобруваше својата комерцијална способност и ги прошири индустриите и пазарите под капиталистички систем. Од друга страна, османлиската империјална политика главно се занимавала со продолжување на силната централна власт и проширување на земјата, што никогаш не значело подобрување на грижите на индустријата или трговијата. Наместо тоа, економската политика на Османлиите беше постоењето на народот, обезбедувањето на главните центри на населението, собирањето даноци и одржување на слободата на трговијата“, додаде Булут.
Тој рече дека рамнотежата и стабилноста во општеството го објаснуваат приоритетот на Османлиите во економијата, додека во холандскиот пример
во економијата, комерцијализацијата и профитот го објаснуваат приоритетот.
Професорот Булут беше ректор на Универзитетот Сабахатин Заим во Истанбул, додека има посебни докторатури на два различни универзитети во Анкара и Истанбул. Студирал во областите на долгорочниот економски развој, причините за економските разлики меѓу земјите, споредбите на перформансите, меѓународните економски политики, отоманската економија и цивилизација, османлиско-европско-атлантските економски односи, економската историја, економско и финансиско размислување. Исламска историја, институции, економија и финансии.
Професорот Булут исто така е член на Турската академија на науките.