Скопје, 27.10.2023 – Денеска во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Факултетот за социјални науки организираше панел дискусија на тема „Медицински и социјално-психолошки аспекти за ракот на дојката“, во рамките на месецот „розов октомври“.

Овој месец е глобално е признат како месец за подигање на свеста за ракот на дојката. Деканот на Факултетот за општествени науки, професорката Дитурије со поздравен говор истакна дека ваквите активности се од суштинско значење за подигање на свеста, особено кај младите возрасни групи, но не исклучувајќи ги и сите други возрасни групи. Таа заедно со студентите споделија и неколку важни пораки за важноста за подигање на свеста за ракот на дојката.

Активноста ја водеше продеканот на ФСН, професорката Елисабета Бајрами Ологу, која зборуваше и за иницијативите на Факултетот да биде во континуиран форум за дискусија каде секогаш ќе бидат поканети експерти за секоја од планираните активностите за оваа академска година.

На панел дискусијата проговори и онкологот д-р. Илир Исмаили, специјалист по онкологија и радиотерапија, вработен во Клиничкиот центар за онкологија и радиотерапија во Скопје, Оддел за третман за рак на дојката. Доктор Исмаили на присутните им ја сподели статистиката за бројот на жени и девојчиња заболени од рак на дојка во РСМ, како и опширно зборуваше за факторите кои влијаат, методите на рана превенција, дијагнозата и за формите на медицински третман. Посебен акцент стави на превенцијата како најдобар начин за намалување на ризикот од заразување на оваа болест. Во знак на благодарност на докторот му беше врачена благодарница од УМТ.

Професорката Нита Белули зборуваше за важноста на психолошкиот третман и потребата од психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства, покрај неоспорната важност на медицинскиот третман, со оглед на тоа што погодените од болеста се соочуваат со големи емоционални потешкотии од моментот на дијагностицирањето и во текот на самиот третман.

Професорката Арта Џелили од областа на комуникацијата, во својот говор таа се фокусираше на два аспекта: потребата од професионална, етичка и транспарентна комуникација со пациентите од страна на лекарите и исто така зборуваше за важноста од користење на медиумите како алатка за развој на кампањи за подигање на свеста за ракот на дојката.

By