Проф. д-р. Дебабрата Саманта е професор и раководител на програмата на Катедрата за компјутери и информациски технологии и моментално предава на RIT (Rochester Institute of Technology) во Косово.
Д-р. Саманта одржа предавање пред студентите од Факултетот за информатички науки со наслов: „Виртуелна реалност – Обработка на слики од 2D во 3D конверзија“, беше пречекан од проректорот за наука проф. д-р. Беким Фетаји и в.д. деканот на Факултетот за информатички науки доц. Д-р. Мајлинда Аџиу и други професори од Факултетот.
По предавањето се разговараше за можностите за соработка со раководителот на оваа програма и беше постигнат договор, заедно со студентите и дел од професорите да го посетат RIT, на (25-26.03.2024) во рамките на Петтиот меѓународен симпозиум за обработка на сигнали и слики (ISSIP 2024) со поддршка од IEEE Computational Intelligence Society и Springer на дадениот линк: https://issip.icrcicn.in/#Call-for-Paper