Скопје, 22.01.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири, на работна средба го прими ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р. Јусуф Зејнели.

Ректорот Зеќири придружуван од проректорите вон. проф. д-р. Фати Исени, доц. д-р. Бујамин Бела како и деканот на Правниот факултет вон. проф. д-р. Аргетим Салиу, на средбата стана збор за општата состојба во високото образование, начините за негово унапредување, како и за продлабочување на соработката помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот во Тетово со цел  за зголемување на квалитетотна  највисоко ниво во земјата.

Ректорот Зеќири го информираше гостинот и за случувањата на УМТ, за студиските програми во рамките на факултетите, вклучувајќи го и развојот на канцеларијата за квалитет на универзитетско ниво која сега ги дава своите резултати на УМТ, се разговараше и за соработката помеѓу студиските програми на факултетите, активностите во рамките на меѓууниверзитетската управа.

By