Скопје, април 2024 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во рамките на промотивната кампања во средните училишта во земјава, одржа информативна средба со матурантите од Гимназијата „Цветан Димов“ во Скопје. На средбата пред матурантите беа презентирани студиските програми и условите што ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Матурантите од СУГС„Цветан Димов“ во Скопје покажаа интерес за студиски програми на 8 факултети на УМТ каде што се водеше интерактивна дискусија со тимот на професори.

Тимот на УМТ, составен од проректорите Беким Фетаји, Фати Исени, Бујамин Бела, деканите Букурие Имери Јусуфи, Дитурије Исмаили, Аргетим Салиу и Мајлинда Аџиу, на матурантите им посака успех во изборот на академската иднина. На матурантите им беа поделени брошури со информации поврзани со активностите на нашиот универзитет, информирајќи ги за условите за студирање, опремувањето на секоја насока со посебна лабораторија во новите простории на единствениот државен универзитет на албански јазик во Скопје.

By