МАТУРАНТИТЕ БЕА ИНФОРМИРАНИ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ИДНИТЕ ПРОФЕСИИ И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Факултетот за технички науки, Правниот и Економскиот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организираа Панел-дискусија на тема: „Идните професии и пазарот на трудот“ со учениците од средните училишта од „ Цветан Димов” и “Арсени Јовков”.

Ректорот проф. д-р Изет Зеќири на отворањето на панел-дискусијата, им се заблагодари на матурантите и директорите за интересот и учеството, притоа упатувајќи ги матурантите дека условите за студирање како и бројните студиски програми на УМТ се дефицитарни и овозможуваат брзо вработување, и се вбројуваат како дел од најплатените активности.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје има многу предности за студирање, пред се локацијата, во центарот на Скопје, првиот јавен универзитет на албански јазик во главниот град, стручен кадар, можност за развој преку грантови и стипендии, пристап до лаборатории, овозможува подготовка за пазарот на труд“, – рече Зеќири.

Проректорот за финансии, инвестиции и развој на УМТ доц. д-р Бујамин Бела одржа мотивационо предавање за изборот на професионална кариера под наслов „Предизвици за избор на кариера – идни професии и пазарот на труд“, кое предизвика особен интерес кај матурантите.

„Управувањето со младите како човечки ресурси за предмет го наменува младиот човек, неговите заложби, развој, подготовка, мотивација, перформанси, награда, додека континуираните промени во пазарната економија наметнуваат потреба од инвестирање во квалитетот и развојот на капацитетите на човечките ресурси“, рече – Бела.

Директорот на СОУ „Цветан Димов“ во Скопје Гани Арслани рече дека како училиште посебно значење придаваат на ориентацијата на матурантите кон изборот на нивната идна професија.

Деканот на Правниот факултет вон. проф. Аргетим Салиу најави дека Правниот факултет нуди посебни студии за задоволување на потребите на пазарот, особено за нашето поднебје, додека студиите за правосудство и криминалистика служат за обука на младите правници а во исто време ги обучуваат и за предизвиците на современото истражување.

Деканот на Економскиот факултет проф. д-р Букурие Имери Јусуфи рече дека економскиот факулетет за сите потенцијални студенти ги нуди најбараните студиски програми на пазарот каде што им овозможува да истражуваат во центрите на земјата, студентите можат да ги изучуваат своите омилени теми, како што се Финансии, Маркетинг, Анализа на пазарот и менаџмент.

Деканот на Факултетот за технички науки вон. проф. д-р Неритан Туркеши рече дека техничкиот факултет овозможува мултидимензионална професионална обука за студентите, вклучително и полето на роботиката и интелигентните системи, нудејќи им можности за вработување во многу области како што се: Преработувачки индустрии; Јавни и приватни претпријатија; Транспортно и сообраќајно инженерство; Царина и осигурителни компании.

By