Членовите на академскиот кадар, деканот на Факултетот за информатички науки, доц. д-р Мајлинда Аџиу и доц. д-р Ќазиме Шерифи пред матурантите од гимназијата „Цар Самоил“ во Ресен ги презентираа многуте студиски програми кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тие беа информирани за можностите за студирање во дефицитните области, кои на УМТ се достапни во рамките на осум факултети.

Покрај условите за студирање и новите простори на УМТ, беа информирани и за можностите за мобилност на многуте европски универзитети со кои соработува УМТ.

Универзитетот „Мајка Тереза“ им се заблагодари на вработените од гимназијата „Цар Самоил“ во Ресен за организирањето на студентите и достоинственото гостопримство кое го приредија за нашиот универзитет.

By