Скопје, мај 2024 година – Во работните простории на Универзитетот „Мајка Тереза“во Скопје на Факултетот за наука и истражување, проректорите проф. д-р Беким Фетаји, проректорот за образование и студентски прашања вон. проф. д-р Фати Исени, проректорот за финансии, инвестиции и развој Доц. д-р Бујамин Бела, деканот на Факултетот за технички науки вон. проф. д-р Неритан Туркеши како и вон. проф. д-р Илир Мехмеди, експерт за аеронаутика, им посакаа добредојде на професорите и експертите од Машинско инженерство како и проф. Edmondo Minisci од Катедрата за механика и аеронаутика, на Универзитетот во Стратклајд, Глазгов од Обединетото Кралство од Политехничкиот универзитет во Тирана, деканот на Машинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, проф. д-р Мирлинд Бруќи, како и проф. д-р Парид Алимхилај од Машинскиот факултет на Политехничкиот Универзитет во Тирана.
Целта на овој состанок беше создавање на студиска програма за Аеронаутичко инженерство во балканскиот регион, кое ќе им служи конкретно на Албанија, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, чија иницијатива има за цел да одговори на зголемената побарувачка за квалификувани професионалци во воздухопловната индустрија.
Регионалните универзитети кои моментално се вклучени во овој заеднички напор се Политехничкиот универзитет во Тирана, Универзитетот во Приштина, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како и Универзитетот во Тетово, каде во моментов се прават напори да се вклучат универзитети од Црна Гора.
Оваа програма има за цел да обезбеди висококвалитетно образование и обука на студентите, опремувајќи ги со знаења и вештини потребни за да се истакнат во различни аспекти во воздухопловната индустрија, вклучувајќи го и управувањето на аеродромите, контролата на летање и одржувањето на авионите.