Софија, јуни 2024 година Проф. д-р Стојан Китанов од Факултетот за информатички науки на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваше на меѓународната недела на Техничкиот Универзитет во Софија и одржа серија предавања, преку програмата CEEPUS мобилност во мрежата BG-1103-08-2324 .
CEEPUS International Week – Централноевропска програма за размена за универзитетски студии се одржа од 20.05.2024 до 24.05.2024 година на Техничкиот Универзитет во Софија, каде учествуваа професори и докторанти од Република Бугарија, Албанија, Косово, Босна, Црна Гора, Грузија, Молдавија и Република Северна Македонија, преку мрежите за мобилност CEEPUS и ERASMUS+.
Првично, проф. д-р Стојан Китанов даде осврт на можностите за студирање на првиот и вториот циклус на студии, како и можностите за истражување кои ги нуди самиот Универзитет „Мајка Тереза“, со посебен осврт на Факултетот за информатички науки, додека за време на неговиот престој во Софија, проф. д-р Стојан Китанов ги одржа следните стручни предавања, кои беа особено интересни за докторантите: Вовед во 6G мобилните мрежи, Дистрибуирана вештачка интелигенција во 6G мобилните мрежи, Евалуација на квалитетот на услугите во 6G мобилните мрежи, Преглед на компјутерскиот континуум, Компјутерски континуитет во 6G мобилните мрежи и Евалуација на квалитетот на услугата преку компјутерски континуум во 6G мобилните мрежи.
Исто така, за време на престојот се разговараше за можноста за идна соработка и учество во заеднички проекти со универзитетски професори од горенаведените земји.
CEEPUS (Централноевропска програма за размена за универзитетски студии) е програма за академска размена во областа на образованието и истражувањето која вклучува 15 земји од Централна Европа, нудејќи им на наставниците и студентите можност еден период на студирање или предавање да бидат во странство на универзитети кои се партнери.