Скопје, 20.06.2024 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска свечено ја организираше Апсолвентијадата 2024  испраќајќи ја шестата генерација на студенти, крунисувајќи ја со тоа нивната неуморна четиригодишна работа. 

Во оваа прилика, ректорот на УМТ, проф.   д-р Изет Зеќири во своето обраќање пред присутните рече дека оваа свеченост која ја одржуваме денеска е најдобар доказ дека сме успешни, дека сме на вистинскиот пат, полека но сигурно растеме и се развиваме во сите правци.

„Ништо не се гради за еден ден, додека универзитетите се најкомплицираните институции за основање, бидејќи бараат квалификуван кадар, оптимални услови за студирање, пожртвуваност и постојана посветеност, а ние се трудиме тоа да го направиме што е можно подобро. Денес, како што знаете, се наоѓаме во нашиот дом, со реновирани згради, од институции и од нашите пријатели донатори, а овие простори делумно ги покриваат нашите потреби за непречено одвивање на наставата. Но, како што поминуваат годините, а бројот на студенти продолжува да расте, од прилика 5.000 запишани студенти, а за следната академска година се очекува да се запишат 800 до 1.000, ќе ни требаат нови простори, а оваа ситуација ќе биде предизвик за нас, рече пред апсолвентите и присутните Зеќири. 

И ректорот Зеќири им честиташе на апсолвентите, велејќи дека „каде и да одлучат да ја градат својата кариера, да бидат во првите редови на процесите, да бидат менаџери на компании, барем таму да се стремат, бидејќи тоа им го должите на вашите родители и на генерациите кои работеа за подобра ваша иднина, на генерациите кои немаа среќа да учат на ниту еден јазик, а од себе дадоа се што имаа за вие да имате повеќе среќа. Должни сме нивната болка да ја претвориме во слава и гордост.

Пред апсолвентите и присутните се обрати и претседателот на Сенатот на УМТ, проф. д-р Зоран Гацовски кој рече: „Сакам да ја продолжите кариерата во нашата земја, да придонесете за напредок и успех на нашата економија. Верувам дека секоја компанија би сакала да ве има во своите редови. Иднината им припаѓа на оние кои работат напорно и вложуваат во своето образование. Патот до успехот никогаш не завршува – не мора секогаш да се радуваме на искуството.

Церемонијата беше модерирана од доц.   д-р Арта Џелили, продекан за образование на Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

На овогодинешната апсолвентијада беа прогласени петте најдобри студенти од соодветните факултети и тоа од Факултетот за информатички науки Теурат Муртезаи со просечна оценка 8,7, Факултетот за градежништво и архитектура Аурора Марку со просечна оценка 8,8, Факултетот за технолошки науки, Зилејхан Мамути со просечна оценка 9,62, од Факултетот за технички науки, Викторија Младеновска со просечна оценка 9,74 и од Факултетот за социјални науки, Анеса Исмаилоска со просечна оценка 9,9.

By