Проектот SBRAUS го координираат: Вон. Проф. д-р Радмила Томовска, Асст. м-р Аделина Фејза и Асст. м-р Фјола Пустина од Факултетот за aрхитектура и градежништво, како и Илир Идризи и Арта Аџиу Адеми од Секторот за меѓународни односи при УМТ.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е водечка институција на проектот „Одржлива биоклиматска ревитализација на напуштени урбани простори“ (SBRAUS) поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност (Еrasmus+ for Higher Education), во партнерство со неколку реномирани европски факултети од областа на архитектурата и урбанизмот, како: IUAV (Венеција, Италија), University of Maribor (Словенија), Hochschule Anhalt (Десау, Германија) и University of Thessaly (Волос, Грција).
Во рамките на овој проект, во месец мај и јуни 2024, на Универзитетот Анхалт – Десау, Германија и Универзитетот во Тесалија – Волос, Грција, беа одржани тродневните обуки каде претставници на споменатите универзитети и претставници на УМТ разговараа за одржливоста и ревитализацијата на напуштени урбани простори.