Варна/Бугарија, 19.07.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири присуствуваше на работни средби во високообразовните институции во Бугарија, денеска на работна средба е пречекан од проректорот за меѓународна соработка на Медицинскиот универзитет во Варна, проф. д-р Марио Милков.
Ректорот Зеќири го информираше проректорот Милков и колегите за развојот на високото образование во нашата земја, напредокот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, студиските програми и договорија врска за соработка во однос на дизајнирањето на програмите за медицина, како што се студиските програми за акушерство, медицински сестри, физиотерапевт за сите млади академици.
На средба со ректорот, проф. д-р. Изет Зеќири присуствуваа и професорите Зоран Трифунов и Владимир Китановски, при што образложија дека оваа соработка ќе донесе подем и унапредување на високото образование меѓу професорите, младите студенти, како и продлабочување на соработката во заеднички истражувачки проекти.