Варна/Бугарија, 18.07.2024 – Ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф.  д-р Изет Зеќири оствари работна средба со ректорот на Слободниот универзитет во Варна „Черноризец Храбар“, проф. д-р Петар Христов со цел продлабочување на соработката меѓу двете високообразовни институции.

Ректорот Зеќири и Христов разговараа за функционирањето на двете високообразовни институции, за разликите меѓу државните и приватните, за студиските програми кои им се нудат на студентите, за начините за академско напредување на младите, за развојот на високото образование меѓу двете земји и тоа преку програмата Еразмус+.

Дел од средбата покрај ректорот Зеќири, беа и професорите Зоран Трифунов и Владимир Китановски, тие се договорија за евентуална соработка во иднина меѓу две институции со заеднички интерес на двете институции, УМТ и ВСУ.

By