Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжува да придонесува за унапредување на високото образование и науката преку меѓународни соработки. Во периодот од 18.11.2023 до 22.11.2024 година, вон проф. д-р Стојан Китанов од Факултетот за информатички науки одржа серија иновативни предавања на Факултетот за информатички технологии, на Универзитетот „Александер Мојсиу“, Драч, во рамките на програмата за мобилност CEEPUS.

Предавањата се фокусираа на актуелни и критични теми како што се: „Карактеристиките на мобилните мрежи 5G и 6G“, „Cloud Computing и Mobile Edge Computing“, „Компјутерски континуум и неговата улога во современите технологии“, „Примена на дистрибуирана вештачка интелигенција во 6G мрежите “.

Покрај предавањата, за време на посетата, професорот Китанов разговараше со претставници на Универзитетот „Александер Мојсиу“ за можностите за понатамошна соработка меѓу двете институции, вклучително учество во заеднички меѓународни проекти и академска размена.

Оваа соработка ја докажува посветеноста на УМТ за зајакнување на регионалните академски врски и подготовка на нови кадри за технолошките предизвици во иднина.

By