Скопје, 28 ноември 2024 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со Фондацијата за развој и цивилизација AXIS и Центарот за разбирање и институционална соработка (ЦРИС), ја одржаа националната научна конференција на тема:

„Независноста на Албанија и Албанците 112 години подоцна“.

На конференцијата, која се одржа во просториите на УМТ, учествуваа претставници на академски институции, невладини организации, студенти, како и дел од академскиот и административен кадар на УМТ.

Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири во воведниот говор на присутните им го честиташе по повод 28-ми ноември, Денот на знамето. Тој изрази благодарност до соработниците и панелистите, нагласувајќи ја посветеноста на УМТ за зголемување на научниот квалитет и промовирање на националната свест.

Со почестен говор претседателот на Фондацијата AXIS, г-дин. Руфат Шерифи, се заблагодари за соработката и ја истакна важноста на оваа конференција за зајакнување на националната свест.

Конференцијата се одржа во две сесии и беше модерирана од г-дин. Фисник Шабани. Во првата сесија со своите дела се преставија: д-р. Ардијан Мухај на тема: „Независноста на албанската држава и улогата на Албанците во регионален контекст по одвојувањето од Отоманската империја“, д-р Силе Укшини на тема: „Позицијата на германската дипломатија кон албанското прашање на Лондонската конференција“, д-р Мухамед Јашари на тема: „Независноста на Албанија – хаотично раѓање“, проф. д-р Изет Зеќири на тема: „Независноста на Албанија и економијата на Албанците 112 години подоцна: Компаративна анализа на економската состојба во Албанија, Косово, Македонија“ како и д-р Фехари Рамадани заедно со д-р Хириет Зибери на тема: „Балканската политика на Австро-Унгарија и албанската независност“.

Во текот на втората сесија, своите дела ги презентираа: м-р Бехар Качелиме на тема: „Организација на верскиот живот на Албанците по отргнувањето од Отоманскиот калифат“, вон. проф. д-р Фати Исени на тема: „Младотурското движење и Албанците“, д-р Севдаил Демири на тема: „Албанците од Скопје и Куманово во борбата за единство и националното знаме“, како и д-р Кујтим Касами на тема: „Прогласување на независноста на Албанија – чин од историско значење“.

Оваа конференција не само што ја испочитува историјата на независноста на Албанија, туку придонесе и за зајакнување на националните академски и научни врски. УМТ ја потврди својата посветеност за промовирање на националните и научните вредности на меѓународно ниво.

By