Скопје, март 2025 – Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје имаше задоволство да и посака добредојде на професорката Арбенита од Универзитетот во Приштина при Факултетот за земјоделство и ветеринарна медицина, Катедра за прехранбена технологија и биотехнологија, која одржа значајно предавање пред студентите

Учеството на професороката Хасани беше реализирано во рамките на програмата CEEPUS, кое дава доказ за успешната соработка меѓу нашите академски институции. Оваа соработка има за цел да ја зајакне размената на знаења и академски искуства, нудејќи им на студентите можности за професионален развој и проширување на нивните научни хоризонти.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје останува посветен на зајакнувањето на академските врски и меѓународните размени, придонесувајќи за подготовка на идни професионалци во важни области како што се прехранбената технологија и биотехнологијата.

By