Мургашово, Демирхисарско, април 2025 година – Како дел од промотивната кампања, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe за прв пат одржа информативни средби со родители, ученици и наставници во селата Мургашово, Обедник и Содол во Демирхисарскиот регион.
Средбите ги водеше деканот проф. д-р Мустафа Ибрахими, во придружба на Зекман Асани од Битола и Реџеп Ибрахими од Прилеп. Професорот Ибрахими ги информираше присутните за студиските програми, условите за запишување и можностите што Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ги нуди на младите од овој регион.
Меѓу најзначајните средби беше онаа со родителите Ертан и Зурије Саити од Мургашово, кои ја споделија својата гордост за своите ќерки, особено за Сибел, членка на женската национална фудбалска репрезентација. Исто така, во Обедник, родителите Узеир и Неџибе Шерифи ја истакнаа својата посветеност кон образованието и надежта дека нивните деца ќе изградат сигурна иднина преку универзитетските студии.
Во Содол, родителите Аднан и Хурије Џафери разговараа за важноста на образованието како можност да се запре миграцијата на младите од регионот.
На средбата беа поделени информативни брошури за академските програми на универзитетот, додека присутните поставуваа прашања во врска со условите за запишување и можностите за вработување по дипломирањето.