Скопје, 16.09.2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаџи, Денес, во својот кабинет ги пречека познатиот професор и истакнат историчар, проф. д-р Оливер Јенс Шмит од Виена, како и д-р Јоанис Зелепос, професор на Универзитетот во Јанина.
Ректорот Фетаји беше придружуван од проректорите вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, како и проф. д-р Изер Максути, професор на Факултетот за хуманистички науки.
Средбата се одржа во академска и пријателска атмосфера, претставувајќи вредна можност за размена на идеи и меѓусебно запознавање. Двете страни изразија подготвеност во иднина да разгледаат конкретни можности за меѓууниверзитетска регионална соработка во областа на историјата, хуманистичките науки и компаративните студии.
Оваа средба ја потенцираше посветеноста на УНТ за проширување на соработката со реномирани академски институции во Европа и за градење нови мостови на научен дијалог.





