Скопје, октомври 2025 година – Во просториите на работниот кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаjи, го пречека на работна средба директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопјe, д-р спец. Реџеп Мемеди.
Ректорот Фетаји го информираше директорот Мемеди за најновите случувања на УМТ, нагласувајќи ја нивната консолидација во академска и научна смисла, зголемувањето на институционалните капацитети, како и големиот интерес на студентите за запишување во трите уписни рокови за академската 2025/2026 година.
Тој нагласи дека овој интерес го докажува зголемениот кредибилитет на УМТ како високообразовна институција и континуираните напори за обезбедување академски квалитет, модерни и современи програми кои одговараат на барањата на пазарот на трудот.
Во меѓувреме, директорот Мемеди го изрази своето задоволство од посетата и посака понатамошен успех во мисијата на УМТ за унапредување на високото образование и обука на новите генерации. Тој ја нагласи важноста од соработка меѓу образовните и здравствените институции, со цел студентите да имаат практични можности и поблизок пристап до професионално искуство.
Страните се согласија за конкретни можности за соработка во области од заемен интерес, вклучувајќи размена на искуства, поддршка на заеднички проекти и создавање мостови помеѓу образованието и професионалната пракса.
