Скопје, 06.02.2019 Продлабочувањето на соработката меѓу Универзитетот Мајка Тереза во Скопје и државните универзитети во Италија беше главната тема на средбата на ректорот на УМТ, проф. Д-р. Азиз Положани и амбасадорот на Италија во Скопје, Н.Е. Карло Ромео.
За време на состанокот во канцеларијата на италијанскиот амбасадор, Ректорот Положани информираше за работните посети што ги имал во јужна Италија, односно Универзитетот Сасари во Сардинија, со кој веќе е воспоставена соработк, со планирани те посети во наредниот период во универзитетот на Калабрија, контактите со заедницата на Арберешите таму, како и околи подготовските на трите научни конференции кои УМТ ќе ги организира оваа година.
Ректор Положани предложи, а амбасадорот Ромео со задоволство прифати, и италијански експерти и професори да учествуваат со нивни тези на овие конференции, кои ќе се одржат во Скопје.
Тема на дискусијата беше и воспоставувањето на соработка помеѓу Центарот за миграции и мобилност, кој функционира во рамките на УМТ со слични центри во Италија, како и можноста за отворање на Центар за римски студии во рамките на УМТ.
Амбасадорот Ромео ги пофали досегашните достигнувања на УМТ и понуди соработка и подршка во повеќе области, истакнувајќи го промовирањето на италијанскиот јазик и култура.