Скопје, 29.10.2021 година Денеска, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, по петти пат по ред се одржа Меѓународната конференција за одржлив развој на која учествуваат професори, политичари, научници и носители на одлуки од цела Европа.
Во делот на конференцијата со физичко присуство, на панелот не почестија со нивното учество министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини, заменик министерот за образование и наука г-дин Арафат Шабани, амбасадорката на Германија во Скопје Е.С. г-ѓа Анке Холштајн, раководителот на Секторот за економски прашања на Европскиот совет Фрик Јанмат, управителката на програмите Каталин Тамус, советникот на премиерот Јоханес Хајдекер и претставникот од компанија модел Даути Комерц, Мевљудин Ибиши.
Конференцијата беше модерирана од проф. д-р. Беким Фетаји, проректор за наука на УМТ, воедно и претседател, кој рече дека оваа конференција се одржува за време на одбележувањето на јубилејните 5 години постоење на Универзитетот.
Во поздравниот говор ректорот на УМТ проф. д-р. Азиз Положани рече дека оваа конференција се одржува во услови кога пандемијата за жал се уште не е завршена, но на истата се гледа како на дополнителен предизвик, бидејќи универзитетите се тука да понудат решенија за проблемите, додека пандемијата Ковид 19 е многу голем проблем за одржлив развој. Положани рече дека УМТ е формирана со надеж да биде центар за студии и истражувања.
Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини рече дека кога се разговара за одржливиот развој и пандемијата, констатираме дека никој не очекуваше тоа да се случи, кога на оваа ќе и се додаде и климатските промени и последиците што тие секојдневно ги предизвикуваат, заклучуваме дека пандемијата ќе помине затоа што има вакцина, а климатските промени немаат такво решение. Владите треба тесно да соработуваат со академијата бидејќи тие доаѓаат и си одат додека академијата останува тука, рече Нуредин.
Заменик министерот за образование и наука г-дин Арафат Шабани рече дека академската дебата за одржливиот развој е од особена важност, бидејќи сите ние како држави ја усвоивме „Агендата 2030“ на Обединетите нации и Министерството за образование ќе го поддржи одржливиот развој.
Амбасадорката на Германија во Скопје Е.С. г-ѓа Анке Холштајн на конференцијата се обрати на чист албански јазик. Холштајн рече дека владите на најголемите држави во светот треба да соработуваат и да ја координираат нивната работа за проблемите што ја засегаат планетата како што е глобалното затоплување. Како што се солидаризиравме со вакцините, треба на ист начин да соработуваме и за други прашања. Таа рече дека Северна Македонија била позитивно оценета во извештајот на Европската комисија, но се уште проблем остануваат реформите во судството, нееднаквоста на пазарот на трудот, што ги принудува младите да работат надвор од Македонија.
Меѓународната конференција за одржлив развој се одржа со комбинирана форма, со физичко присуство и од далечина, со учество на над 60 професори, политичари, научници од Северна Македонија, регионот и Европа.