Голема чест и задоволство за Универзитетот Мајка Терезa од Скопје кој е добитник на одобрениот проект од НАТО под наслов Анти дронови – иновативен концепт за откривање и неутрализирање на “убици – дронови” (Anti Drones – Innovative concept for detecting and neutralise “killer-drones”). Проектот се однесува на безбедноста и е поддржан преку програмата на наука за мир и безбедност на НАТО (NATO Science for Peace and Security – SPS).
Институција која ќе го спроведува проектот е Националната лабораторија за радари и системи за надгледување (Radar and Surveillance Systems National Laboratory (CNIT-RASS) од Пиза, Италија во партнерска соработка со Северен Казкстан Државен Универзитет во Петропавловск, Казакстан (North Kazakhstan State University, Petropavlovsk, Kazakhstan) и Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, Република Северна Македонија.
Одговорно лице за проектот од Универзитетот Мајка Тереза во Скопје е проф. д-р Оливера Петровска.