На покана на Министерството за труд и социјална политика, а во организација на Советот за безбедност и здравје при работа, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, преку професорката Др. Уриме Демири Шаипи учествуваше на онлајн конференцијата, организирана во чест на овој датум.
Темата на годинешната конференција беше поврзана со предвидувањета, подготвувањта и давањето одговор на кризите, како што е ова со Ковид-19 и инвестирање во одржливи и еластични системи за безбедност и здравје.
Пандемијата Ковид-19 влијаеше врз тоа владите, работодавците, работниците и општата популација да се соочат со невидени предизвици поврзани со вирусот и многуте ефекти што ги имаше врз работните места. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа ќе се фокусира на зајакнување на националните стратегии за градење еластични системи за безбедност и здравје при работа за справување со кризи сега и во иднина, извлекувајќи лекции од искуствата на работниот свет.