Во продолжение на кампањата за промоцијата на УМТ пред матурантите, од страна на професори од УМТ, за 10 дена во средното стручно училиште „Марија Кири Склодовска“ во Скопје беше промовиран Факултетот за технолошки науки, при што дипломците преку физичко присуство и на онлајн платформата се запознаваат со академската понуда на УМТ.
На промоцијата присуствуваше доц. Д-р Олга Поповска во онлајн презентацијата и асс. м-р Арјан Ганији, со физичко присуство.
На присутните ученици кои беа поделени во групи почитувајќи ги мерките за безбедност од пандемијата им беше презентиран факултетот, студиските програми, времетраењето на студиите, лабораториските капацитети и можностите за вработување по завршување на студиите. Учениците покажаа интерес во презентацијата.