Скопје, 17 јуни 2021 година – Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје и престижната компанија „Везе Шари” во Република Северна Македонија, на 16.06.2021 година потпишаа меморандум за соработка. Имајќи ги предвид потребите на пазарот на трудот и на научните студии, овој меморандум има за цел да ги обезбеди потребните научни анализи, употребата на условите, материјалите, техничко-стручните простори и плановите за професионално унапредување во областа на преработка на храната.

Соработката ќе се реализира преку размена на научните и стручните искуства и знаења, преку подготовка на заедничките програми и научно-стручните унапредувања на инженерскиот и техничкиот персонал, подготовка на заеднички проекти, анализа и евалуација од областа на преработката на храната, поддршка во реализацијата на стручни конференции, семинари и тркалезни маси.

By