По повод 20-годишнината од ОРД
Стабилноста на мултиетничките општества зависи од квалитетот на решавањето на односите помеѓу чинителите кои нејзе ја сочинуваат. Охридскиот рамковен договор (ОРД) претставува најголемото достигнување за Албанците во Северна Македонија но воедно и клучен инструмент кој ja стабилизира нашата земја.
По повеќе од една деценија неуспех да се хармонизират односите меѓу Македонците и Албанците во Македонијата што штотуку произлезе од распадот на Југославија избувна конфликт меѓу владините и бунтовничките сили организирани како Ослободителна народна армија (ОНА) што кулминираше со Охридскиот рамковен договор потпишан од двете страни на 13 август 2001 година и гарантирани од клучните фактори од меѓународната заедница САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ.
Иако овој документ беше компромисно решение меѓу страните, претставува најголемо достигнување за Албанците од Северна Македонија кон остварување на нивните природни, историски и демократски права. Ги нагласувам овие три контексти на остварување и развој на правата бидејќи нашите права можат целосно да се квалификуваат како такви.
Тие се природни затоа што во условите на новиот светски поредок и во контекстот на европските стандарди, колективните права на составните етнички групи на државата како што се правото на образование на мајчин јазик, правото на изразување и негување на идентитетот и правото за правична застапеност во претставничките тела, се права кои се заштитени со меѓународни договори како основен стандард на демократското општество.
Тие исто така се историски права бидејќи Албанците се домороден народ во оваа земја и нивните права се развиени и практикувани, иако со многу перипетии во различни фази на нашиот социјален и културен развој. Уставот од 1991 година негираше некои права што Албанците ги добија со многу жртви и ги имаа некое време и во социјалистичкиот систем. Континуираното негирање на тие права дури и во услови на плурализам ќе го компромитира значењето на овој нов политички систем со цел демократизација на земјата.
Тие се демократски права затоа што вистинска демократија може да се изгради само со еднаквост на граѓан(к)ите каде што дискриминацијата и национализмот не можат да бидат принцип на организирање нови односи помеѓу поединци/поединки или групи со различна етничка, верска или било која друга припадност што ги разликува или ги прави посебни.
Една држава која се стремеше да стане држава на европското семејство, која изјававуваше дека принципите на нејзината изградба ќе бидат европските вредности, ѝ беше потребна длабока политичка и социјална трансформација што значеше промена и на генераторот на оваа непрофатлива состојба, а тоа беше промена на уставот со цел да стане прифатливо од страна на сите нејзини граѓан(к)и.
Одбивањето на одлучувачката политичка класа од тоа време да ја направи оваа промена повеќе од десет години по прогласувањето на плурализмот, беше причината за напнатите меѓуетнички односи, а подоцна и за почетокот на конфликтот во нашата земја. Следствено, потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој ги предвидуваше овие уставни измени, ја запре војната. Затоа, овој документ со право ќе остане како најголемото достигнување на Албанците во Северна Македонија, бидејќи ги исполни барањата и создаде солидна основа за усогласување на меѓуетничките односи врз демократските принципи со елиминирање на дискриминаторското наследство во овие односи. Воедно овој домумент и неговата имплементација создаде простор за поквалитено уредување на меѓуедничките односи со кои земјата влезе во процес на нејзина стабилизација како еден битен улов за успешно соочување со другите политички и економски предизвици кои ја очекуваа.
По потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Република Северна Македонија значително се промени. Во првите годините по потпишувањето беа надминати политичките и правните бариери за образование на албански јазик на сите нивоа, употребата на албански идентитетски симболи, како јазикот, и употребата на знамето беа потврдени и кодифицирани. Нова територијална поделба се направи и власта се децентрализира, значително зајакнувајќи ги компетенциите новите општини, започна интеграцијата на Албанците во државната и јавната администрација и, како резултат на сето ова се зголеми и економската и финансиската положба на Албанците во економскиот живот во земјта.
И што понаматму ?
Се разбира дека сега, по дваесет години, не би било соодветно да се набројуваат само достигнувања и правните можности создадени од ОРД. Време е да се продлабочиме малку и да измериме, во границите на можностите, практичниот ефект на договорот врз благосостојбата на населението и она што се нарекува вредност и квалитет на општествениот капитал, што претставува мрежа што прави кохезивна, функционална и демократска држава.
Како што вели Гасет во неговата книга Масовен бунт, останува да видиме колку овие мерки се одржливи и во која мера и како го водат општеството кон општ напредок.
Несомнено, едно од најголемите достигнувања на меѓународната сцена е нашето членство во НАТО, што беше постигнато со Преспанскиот договор, што немаше да биде возможно доколку политичката елита во земјата не ја научеше добро лекцијата за потребата за „дијалог и компромис“ како европска вредност односно практика за надминување на разликите.Јас како учесник во целиот процес на преговорите во Охрид ми беше од тогаш јасно дека тој пристап не само што не доведе до успешно заокружување на Охридскиот договор ,туку ке биде модел и за решавање и на другите разлики меѓу народите во Балканот ,што очигледно се разликуваше од дотогашниот јазик познат на балканските народи. Разбирливо е дека и овој пристап не е лесен. Ќе предстојат и многу битки до целосна ,, европеизација на Балканот,,.Ќе има и разочарувања како овој што беше одложувањето на процесот на интеграција во ЕУ кој што за ,, волја на вистината,, го доведе во прашање и кредибилитетот на процесот али на жалост создава поволна клима за регресивни идеи со обезбедување простор за старите идеологии и алтернативни концепти на перспективата на земјата.
Но, решението не е „да кукаме“ и да се вратиме назад. Мудро решение ќе биде унапредувањето на духот на Охридскиот договор и унапредувањето на демократијата врз добро познатите европски принципи. Зајакнувањето на единството преку понатамошното афирмирање на вредностите што не разликуваат и продолжувањето на напорите за изнаоѓање решенија кои ја зајакнуваат социјалната кохезија дури и во државните симболи кои чекаат на решение и различните толкувања на историја би биле нова наша заедничка парадигма.Без решение во овој симболички аспект, земјата ќе остане мултиетничка, мултикултурна, но ризикува да биде фрагментирана и нејзинината демократиа кревка.
Функционирањето на децентрализацијата на локално ниво и трансформирајќи ги општините на клучен фактор во развојот на државата треба да зајакнат со измени на политиките који ќе исклушат можност за наградување со средствата од централниот буџет за нивното незаконско однесување во областа на градежништвото (урбанизмот) и заштитата на животната средина.
Образованието и културата, што имаат одговорност да ги подготват нашите кадри и нашиот имиџ за иднината, не треба да се пофалат само со фактот дека тие функционираат и вработуваат голем број наши млади луѓе. Образовниот систем и културните политики треба да се разгледат и реконцептуализираат за да тие бидат претходник на техничко-технолошките промени и да не прават по препознатливи во разноликиот свет.
Нашето скромно институционално наследство во областа на културата и недостатокот на соработката со понапредните центри во оваа област од регионот, не исклучува од нашето право да бидеме дел од пошироката албанска културна целина. Недостатокот на средства за култура, како и недостатокот на иновации за нивно привлекување, не позиционира како промотори на површните квази-вредности на другите култури. Реформите во образованието и културата не можат да се остават како дел од индивидуалните напори за подобрување, туку треба да претставуваат основа на институционално-државно ангажирање како две најважни области за формирање на нови генерации и соодветна државна афирмација на светската сцена.
Не е помалку битна и мојата загриженост за државната адинистрација, која дојде до точка кога веќе не е во состојба да спроведува квалитетни административни процеси според стандардите што ги бараат нашите партнери. Таа веќе не може да биде само „бројка која расте“ без да се измери нејзиниот ефект врз зголемувањето на она што се нарекува социјален капитал. Само сериозното и неодложно разгледувањето на политиките за вработување, односно департизацијата на овој процес и воспоставувањето на принципот на меритократијата би можеле значително да помогнат да се спречи раселувањето на нашите млади луѓе, но и на квалитетниот кадар кои одлучуваат да го напуштат работното место поради Дон-кихотската борба со која мора да се соочуваат за да променат нешто.
Администрацијата на една нова држава како нашата мора да биде ефикасна како и контекстот во кој та држава се наоѓа, бидејќи само на тој начин може да го поддржи населението на кое треба да му служи. За да се промени ова, доброто владеење, меѓу другото, е суштинско и неопходно да се создаде нов политички и социјален амбиент.
Во последно време, развојот на бизнисот од страна на албанските ентитети е исто така резултат на духот на Охридскиот договор и неолибералниот концепт на економијата.
Овој сектор сега се движи од услужни и комерцијални активности кон производство. Следната стапка на раст во овој аспект би било зајакнувањето во финансискиот сектор, како и иновативните и технолошките сектори. Отворањето на една комерцијална банка ќе го поттикне економскиот развој и ќе создаде поконкретни врски со нашата дијаспора. Ова ќе овозможи нови перспективи на нашите односи со дијаспората, која сега е економски и финансиски поконсолидирана и жедна за инвестиции. Ова би создало нов модел на развој врз основа на странски инвестиции. Слободните економски зони се корисни за една фаза, но тие не можат да бидат трајно одржливо решение. Големите придобивки и субвенции што им се даваат го зголемуваат нивниот апетит и потсетуваат на „неоколонијалистичкиот“ дух на размислување. Но, за да биде поефикасно и со пореални очекувања, ова ќе треба да биде придружено со поискрени и похрабри политики кон мир и помирување во регионот.
Регионот мора да најде начин да се самолекува до одреден степен, бидејќи „Денешната Европа“ сè уште изгледа како реликвиите на „Европа од вчера“ на Цвајг. Регионот со мали држави на Балканот може да се соочи со предизвиците денес само ако го пронајде вистинскиот мир меѓу себе и го поддржува иновативниот и реформскиот дух кој треба да го има авторството на младите.
Последниот тест за ОРД, но и за функционалноста на државата се потпира токму на нашата способност да создадеме можности и чувството дека во оваа земја поединецот/поединката кој/а работи може да го постигне својот напредок, каде квалитетната и иновативната идеја може да најде поддршка.
Без оглед на досегашните достигнувања, тие нема да бидат одржливи и нема да им одолеат на новите предизвици доколку не ја инспирираме и не го отвориме патот за нашата младина во потрага по нови концепти. Оваа нова деценија на развој на државата мора посилно да го поддржи гласот и местото на младите луѓе во градењето на нивната иднина.
𝐏𝐫𝐨𝐟. 𝐃𝐫. 𝐀𝐳𝐢𝐳 𝐏𝐨𝐥𝐥𝐨𝐳𝐡𝐚𝐧𝐢