Палермо, 𝟎𝟑.𝟏𝟏.𝟐𝟎𝟐𝟏 Делегација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во состав на проф. д-р. Мустафа Ибрахими, претседател на Сенатот и раководител на проектот, придружуван од проректорите проф. д-р. Ризван Сулејмани и проф. д-р. Бедри Адеми, како и советникот на ректорот на УМТ проф. д-р. Азиз Положани, Бардил Туши се во неколкудневна службена посета во Палермо, Италија.

Делегацијата на УМТ во првиот ден од престојот се сретна со проф. д-р. Матео Мандела и проф. д-р. Гезим Гурга професори на Универзитетот во Палермо.

На средбата беа разменети доста различни мислења околу многу прашања, особено за соработката меѓу Универзитетот во Палермо и УМТ, за јазикот и културата на Арбершите и за разни други проекти.

Во текот на попладневните часови, делегацијата посети различни историски монументи во градот Палермо, како што се: Катедралата, Лицеун во Палермо, Парламентот на Сицилија, Арбершката црква во центарот на Палермо итн. Утрешната посетата продолжува во арберешките села.

Проф. д-р. Мустафа Ибрахими веќе две децении ги изучува Арбершите од Италија и има напишано книги, научни студии за нивниот јазик, обичаи и историја.

By