Скопје, 𝟑𝟎.𝟏𝟏.𝟐𝟎𝟐𝟏 Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје денеска беше домаќин проф. д-р. Зендел Абедин Шехи, претседател на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија, кој пред академскиот кадар и студентите од студиската програма „Медиуми и интеркултурна комуникација“ одржа предавање на тема „Улогата на говорот на телото во секојдневната комуникација“, и по предавањето ја промовираше книгата „Говорот на телото“.
За време на промоцијата на книгата, домаќинот, деканот на Факултетот за социјални науки, проф. д-р. Сунај Раими рече дека оваа тема е секогаш актуелна и ги опфаќа сите науки, притоа му се заблагодари на авторот за одржаното предавање.
Раководителот на Одделот за медиуми и меѓукултурна комуникација Доц. д-р. Агрон Куртиши рече дека споделувањето на овие искуства со студентите на УМТ е од големо значење бидејќи говорот на телото е нешто што го користиме секојдневно, несвесно, додека ова предавање не освестува и потсетува што правиме во нашата секојдневна рутина.
Авторот на книгата „Говорот на телото“, проф. д-р. Зендел Абедин Шехи, по потекло од Гостивар, рече дека од 2016 година се вратил во Северна Македонија, по 15 години работа на различни универзитети во Турција и во светот.
Забележал и сеуште забележува многу предрасуди кај луѓето овде, додека главниот проблем на народите на Балканот е комуникацијата меѓу луѓето, која никако не може да се подобри, поради предрасудите на луѓето од различни народи кои ја имаат меѓу себе.
„Ние на Балканот имаме способност да го слушаме другиот, но кога правиме проценка за личноста со која разговараме или темата на која зборува, тоа го правиме со селектирање на само оние детали кои нас ни се допаѓаат и според нив создававме едно мислење за тој човек. На пример, слушаме 10 работи од него, а избираме само две или три и врз основа на нив реагираме кај него“, вели авторот.
Такви сме и на улица, и во политиката и насекаде, рече професорот Шехи, додавајќи дека ароганцијата и незнаењето направиле над 500 илјади луѓе да ја напуштат државата. Тој додаде дека говорот на телото кај нас се цени како нешто едноставно, а всушност тоа дава слика и го претставува духовното во нас.
Ние се плашиме од нашиот успех, и се занимаваме со нашите фобии-изговори “, додаде авторот, заклучувајќи го фактот дека повеќето луѓе се менуваат, на 20-годишна возраст луѓето се демократи, до 40-годишна возраст либерали, додека над 60 години конзервативци“, вели проф. д-р. Зендел Абедин Шехи.
По предавањето на тема „Улогата на говорот на телото во секојдневната комуникација“, и промоцијата на книгата „Говорот на телото“, авторот изрази благодарност до
организаторите и поддржувачите на промоцијата, а беше пречекан и од страна на ректорот на УМТ, проф. д-р. Азиз Положани.