Каратистите Рудина Алиу и Реџеп Рушити постигнаа извонреден успех на Светското универзитетско првенство во боречки вештини, кое се одржа во Бразилија, Бразил, каде со гордост го претставуваа Универзитетот „Мајка Тереза“.
Рудина Алиу се закити со бронзен медал, по одличните настапи и победи против претставничките на Австралија и Чиле. Во меѓувреме, Реџеп Рушити го освои сребрениот медал, пласирајќи се во финалето по значајните победи против натпреварувачите од Турција и Австралија.
Ова претставува огромен успех за универзитетскиот спорт и каратето во Северна Македонија. Вреди да се истакне дека на ова престижно првенство учествуваа повеќе од 1.500 спортисти од 50 различни земји во светот, каде секоја држава беше претставена исклучиво од најдобрите спортисти во соодветните дисциплини.
Упатуваме искрени честитки до Рудина и Реџеп за ова извонредно достигнување и за достоинственото претставување на универзитетот и државата на меѓународната сцена.
