НОВ ЕВРОПСКИ УСПЕХ ЗА УМТ

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје официјално станува партнер во големиот европски проект Co4RES (Coordinated Control for Renewable Energy Systems), финансиран од Европската комисија во рамките на престижната програма Horizon Europe.

Проектот го предводат проректорот за финансии, вонр. проф. д-р Бујамин Бела, и д-р Артан Зејнулахи. Ова претставува моќна демонстрација на посветеноста на нашиот универзитет кон научните истражувања и иновациите.

Меѓународна алијанса со 39 партнери од 15 европски држави, во која се вклучени елитни универзитети како Imperial College London, KU Leuven, Technical University of Denmark (DTU), како и реномирани меѓународни компании и истражувачки центри.

Улогата на УМТ во овој проект ќе придонесе директно кон развојот на иновативни решенија за обновливата енергија преку прогнозирање на производството и потрошувачката на енергија, развој на технологијата Digital Twins за трансформаторски станици, како и автоматизација и тестирање на електроенергетските системи.

Овој проект за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје носи продлабочување и развој на научноистражувачките капацитети, вклучување на професорите во меѓународни проекти, размена на знаења и напредни технологии, како и нови академски можности за нашите студенти и истражувачи.

Овој проект претставува уште еден голем чекор кон интернационализацијата на УМТ и нејзиното позиционирање во европскиот истражувачки простор!

Знаењето, истражувањето и иновациите се нашиот мост кон Европа.

By