Во рамките на активностите за спроведување на стратешкиот проект CRAFT-VET („Ревитализација на албанското занаетчиско наследство преку паметно производство и вештини за циркуларна економија“), финансиран од програмата Erasmus+ (CB-VET), Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја реализираше следната фаза од проектот со успешно организирање четиридневна обука за обучувачи во Атина (2–5 ноември 2026 година).
Преку интерактивни сесии, практични работилници и студиски посети, тимот на УМТ ги предводеше активностите и реализираше работилници за 20 учесници од Албанија. Нашиот универзитетски тим беше претставен од координаторката на проектот, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, воедно и проректорка за меѓународна соработка, доц. м-р Гента Мирзо, вон. м-р Емира Имери, како и Арта Аџиу Адеми од Канцеларијата за меѓународна соработка.
Во текот на оваа интензивна активност, учесниците стекнаа знаења и вештини за поврзување на традиционалното занаетчиство со современата технологија, опфаќајќи ја интеграцијата на 3D-моделирањето, дизајнот со вештачка интелигенција, е-commerce платформите, сертификацијата преку блокчејн технологија и заштитата преку географски ознаки. Исто така, посебно внимание беше посветено на принципите на циркуларната економија, практиките за нула отпад (zero-waste) и воспоставувањето лаборатории Smart Craft.
Како следен чекор, обучените учесници ќе ги пренесат стекнатите знаења на своите колеги и во нивните заедници, обезбедувајќи модернизацијата на стручното образование и зачувувањето на културното наследство да имаат одржливо влијание во целиот регион.
