Скопје, 09.11.2026 – По повод 9 Ноември, Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го организираше традиционалниот натпревар за презентација на иновативни идеи, обединувајќи ги на заедничка платформа учениците од средните училишта и студентите од високото образование.

Во својот поздравен говор, ректорот на УМТ ја истакна важноста на соработката меѓу средното и високото образование, нагласувајќи дека оваа соработка им овозможува на младите да учат преку набљудување, аргументирање и тимска работа.

На ова натпреварувачко издание беа презентирани вкупно 6 (шест) иновативни проекти, кои беа оценувани од стручна жири-комисија составена од претставници на академската и професионалната заедница, и тоа: проректорот за финансии, вон. проф. д-р Бујамин Бела, деканката на Економскиот факултет, проф. д-р Букурие Имери Јусуфи, како и вон. проф. д-р Владимир Китановски.

Поради високиот квалитет и сличното ниво на креативност на шесте конкурентни проекти, жирито се соочи со вистински предизвик и со големи тешкотии ги избра победниците.

🥇 Прво место: Иновативниот проект „FOOD 360“ од С.О.У. „Зеф Љуш Марку“.

🥈 Второ место: Иновативниот проект „DECISION LAB AI“ од С.О.У. „Арсени Јовков“.

🥉 Трето место: Иновативниот проект „STUDENT PASSPORT“ од С.О.У. „Арсени Јовков“.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје останува посветен на поддршката на младите таленти, претворајќи ги знаењето и креативноста во столбови на општествениот развој.

По овој повод, упатуваме најискрена благодарност до професорите од средните училишта за нивниот придонес, посветеност и неуморна работа во насочувањето и воспитно-образовното формирање на учениците кон академски успех.

By