Скопје, 10.11.2026 – Денес, во работниот кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаjи, на официјална средба го пречека амбасадорот на Република Италија во Скопје, Неговата Екселенција, г. Паоло Палминтери, со кого разговараа за можностите за проширување на академската, научната и културната соработка меѓу УМТ и високообразовните институции во Италија.

Во текот на средбата, ректорот Фетаји се осврна на најновите достигнувања на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, динамиката на развој на студиските програми, како и на посветеноста на институцијата кон интернационализацијата, со посебен акцент на воспоставувањето стратешки партнерства со европските универзитети. Ректорот ја истакна важноста на размената на академскиот кадар и студентите, како и реализацијата на заеднички научноистражувачки проекти со поддршка на италијанската културна и академска дипломатија.

На оваа официјална средба, ректорот Фетаjи беше придружуван од проректорите, проф. д-р Фати Исени, проф. д-р Дитурије Исмаили, како и вонр. проф. д-р Бујамин Бела. Од друга страна, амбасадорот Н.Е. Паоло Палминтери беше придружуван од г. Фадлон Меисми.

Од своја страна, амбасадорот Палминтери високо ја оцени улогата и придонесот на УМТ во развојот на високото образование и ја изрази целосната подготвеност на Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија да поддржи конкретни иницијативи кои ги зајакнуваат мостовите на образовна и културна соработка меѓу двете земји.

By