Скопје, ноември 2026 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаjи, учествуваше на 17-тото издание на најзначајниот економски настан во земјата, TOP 100™ 2026, организиран од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

Овој традиционален настан ги обедини високите институционални претставници, раководителите на корпорации и академските личности со цел да се оддаде признание на компаниите кои придонесуваат за економскиот развој и изградбата на иднината на земјата.

Учеството на ректорот, проф. д-р Беким Фетаjи, ја потврди посветеноста на УМТ кон продлабочување на соработката меѓу академскиот сектор и бизнис-заедницата, со цел подготовка на квалитетни кадри и зајакнување на поврзаноста со пазарот на трудот.

By