Скопје, 11.11.2026 – Денес, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја официјализираше меѓуинституционалната соработка со Универзитетскиот колеџ „Ќиријази“ од Република Албанија, преку потпишување договор за соработка.

Во рамките на оваа активност, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаjи, одржа работна средба со ректорот на Универзитетскиот колеџ „Ќиријази“, проф. д-р Ѓоке Улдедај, со фокус на интензивирање на академската и научноистражувачката соработка.

На работната средба и церемонијата на потпишување присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), г. Сами Морина, извршниот директор г. Дурим Зеќири, како и познатиот бизнисмен од компанијата „Даути“, г. Џемаил Даути, кој ја потврди важноста на поврзувањето на високообразовните институции со бизнис-секторот и економијата.

За време на средбата, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, беше придружуван од проректорите на универзитетот, проф. д-р Фати Исени и вонр. проф. д-р Бујамин Бела.

Потпишаниот договор меѓу двете институции е насочен кон размена на академски кадар и одржување заеднички предавања, заедничко менторство при изработка на студиски трудови, развој на научноистражувачки проекти поддржани од Европската Унија и меѓународни фондови, организирање конференции и симпозиуми, како и размена на искуства во областа на академското издаваштво.

Страните оценија дека ова петгодишно партнерство ќе отвори нови перспективи за студентите и академскиот кадар, градејќи мостови за регионална соработка во областа на високото образование и научниот развој.

By