Скопје, 01.10.2019 Со свечена церемонија, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес го одбележа почетокот на новата академска година 2019/2020, за четвртата генерација на студенти, чиј број достигна околу 700 оваа година, со што УМТ моментнално достигнува над 2000 година студенти, кои студираат на неговите пет факултети.
На свечената церемонија, на која почесни гости беа министерот за образование и наука, г. Г-дин Арбер Адеми и Амбасадорот на Република Словенија во Скопје, Неговата екселенција г. Милан Јазбек, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Азиз Положани и, посака добредојде на новите студенти на УМТ, за кои рече дека денес го започнуваат нивното патуваењ да станат академски граѓани, а утре кога ќе дипломираат ќе придонесат за подобро општество, подобра благосостојба и поразвиена држава.
Положани, обраќајќи се пред студентите во преполнетата сала, каде што половина од студентите не можеа да ја следат церемонијата внатре, рече дека најдобриот доказ дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е успешен, е самиот огромен интерес на младите луѓе кои го избраа УМТ за реализирање на нивната цел да станат интелектуални и професионалци, и ја охрабри владата да ги забрза процедурите за давање дозвола за изградба на Универзитетскиот комплекс, што би влијаело на уште подобро образование на студентите и создавање на оптимални услови за студирање.
Почесниот гостин на церемонијата, министерот за образование и наука г. Арбер Адеми, се заблагодари за поканата да учевствува во овој значаен ден за УМТ, им посака на студентите здравје и успех во студиите и ја повтори подготвеноста на владата да му помогне на УМТ во градењето на Универзитетскиот комплекс, за кој рече дека е прашање на време, и дека наскоро ќе завршат административните процедури за да се започне со изградбата.
Амбасадорот на Република Словенија во Скопје Неговата екселенција г. Милан Јазбек, ги сподели со студентите своите лични искуства за време на неговите години на студии, советувајќи ги да го искористат максимумот од четиригодишниот период на студирање на најдобар можен начин, бидејќи, изјави тој, нема поголема моќ од самото знаење, затоа што со знаење се постигнува се, рече Јазбек.
За време на церемонијата, УМТ им ги претстави на новите студенти 5-те декани, и тоа : деканот на факултет за градежништво и архитектура, Проф. Д-р Зекирија Идризи, деканот на Факултетот за информатика, проф. Д-р Александар Димовски, деканот на Факултетот за технички науки, проф. Д-р Агим Мамути, деканот на Технолошкиот факултет, доц. Д-р Сани Демири и деканот на Факултетот за општествени науки, проф. Д-р Сунај Раими.