Почитуван министер Адеми,

Ваша екселенцијо, амбасадор Јазбец

Почитуван претседател на Сенатот професор Блерим Саити,

Почитувани проректори, декани, колеги, педагози

Драги студенти,

ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО УНИВЕРЗИТЕТОТОТ ,,МАЈКА ТЕРЕЗА’’

Ние заедно со вашите колеги пред 4 години тргнавме кон овој пат, започнавме со само 220 студенти и околу 30 педагози и без административен кадар.

Денес, на почетокот од четвртата година имаме околу 2.000 студенти и над 100 педагози и околу 50 административни работници.

Започнавме со 14 студиски програми и денес вие се определивте да студирате на нашите 27 програми од првиот циклус и 11 други од вториот циклус.

Како што знаете во јуни, беше промовирањето на нашата прва генерација на апсолвенти.

Како што рековме и тогаш, ние полека создаваме историја. Консолидираме универзитет во главниот град на земјата овде во Скопје кој претставуваше долгогодишен сон и желба на многу генерации.

Ако ова беше сонот на тие генерации да имаат универзитет на албански јазик овде во Скопје, сигурен сум дека денешната младина, Вие драги студенти, имате други соништа. Вашите соништа ја надминуваат оваа основна потреба да го поседувате она што го имаат и другите и сигурен сум дека тиесоништа не се разликуваат од соништата на вашите врсници, не само во земјата, туку и во оние ширум светот и особено во Европа.

Тие се цврсто уверени со желба да живеат подобро, надминувајќи ги тешкотиите што ги наследивме. Тоа се однесува на визијата на секој од вас да живее Европски, со подобри стандарди, вредности и благосостојба. И затоа сме тука да го оствариме овој сон заедно со вас, со труд работа и учење ќе го реализираме овој сон да стане реалност .

Но, за да ја постигнеме оваа цел, сите треба да се посветиме, напорно да работиме и се повеќе да учиме. Ве уверувам дека ја имате целосната поддршка од вашите педагози, а исто така и од раководителите на универзитетот.

Почитувана Ваша екселенција, амбасадор Јазбек, ви благодарам многу што бевте заедно со нас на првиот ден од новата академска година. Говорејќи за соништата на денешните генерации, среќенсум што нашите студенти ќе ја имаат поддршка од нашиот академски кадар, како и поддршката од нивните соработници и колеги ширум Европа. Словенија е нашиот најдобар

пријател со кого го делиме минатото, но ние сме среќни што ќе ја делиме иднината во едно семејство –како што е Европската Унија.

Ве молиме, пренесете им на вашиот студентскисојуз дека студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се многу среќни што ќе соработуваат и ќе бидат дел од европското семејство и тоа што е можно поскоро. Зајакнувањето на меѓууниверзитетската соработка меѓу студентите и професорите, сигурен сум дека ќе придонесе многу во овој процес.

Драги колеги, драги студенти,

Како што реков, ова е првиот студентски ден на четврта генерација на Унив. Мајка Тереза. Во текот на овие години ние успеавме да ги афирмираме нашите вредности и сакаме сите да го увидат тоа. Оттука, би сакал да изразам задоволство да констатирам дека меѓу овие 700 студенти примени оваа година имаме две консолидирани групи кои часови ќе ги слушаат на македонски јазик. Тоа е групата за сообраќајни инженери и царина / шпедиција.

Ова претставува голема вредност на нашата институција со што се докажува нашата искреност и јасна намера напишана во нашата МИСИЈА од самиот почеток пред четири години дека Универзитетот во својата мисија е СОЗЗДАВАЊЕ НА КАДАР ЗА СПЕЦИФИЧНИ ПОТРЕБИ НА ПАЗАРОТ НА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО.

Во оваа прилика не сакам да ги набројувам достигнувањата во планот на интернационализација на нашите академски активности, збогатувањето со нови програми и нови кадри и други достигнувања, но јас сум приморен да констатирам дека поради оваа наша моќна динамика на активност ќе треба да се сензибилизира владата и да го исполни ветувањето за изградба на Универзитетскиот објект, како што е предвидено во владината програма.

Освен тоа, примерот на оваа динамика нека послужи за полесно, и побрзо, да се разбератосновните барања на нашата младина за подобар живот, повеќе можности за вработување, поголемо вреднување на работата, заподобри услови за работа, подобри услови за учење и студирање, ако сакаме да го запреме овој негативен бран на иселување и испразнување на земјата од страна на нашата скапоцена младина.

Нобеловецот Ели Висел напишал дека „злото не е проблемот, туку рамнодушноста кон него“

Сите ние, заедно со студентите, се надеваме дека ќе работиме на решавање на сите проблеми што ги имаме и со кои ќе се соочиме во иднина, крајот на сето ова претставуваат училиштата и универзитетите.

Драги студенти,

Почитувани колеги и колеги педагози и соработници наадминистрацијата,

ВИ ПОСАКУВВАМ СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ВО НОВАТААКАДЕМСКА ГОДИНА, ви посакувам многу успеси и се најдобро во вашите студии и во живот.

Со почит,

Проф. д-р Азиз Положани,

Ректор на УМТ

By