Универзитеот „Мајка Тереза” во Скопје во соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски” во Битола и Универзитетот во Сасари во Италија, на 10. јуни 2021 година, организираат меѓународна научна конференција на тема:
МИГРАЦИЈА И РАЗВОЈ – МОЖНОСТИ ПО КОВИД-19
Се чини дека пандемијата Ковид-19 е под контрола бидејќи вакцината е достапна за најзагрозените групи, па изгледа дека се враќаме во нормалниот живот.
Како и да е, иако мерките преземани за вирусот може ќе се повлечат полека, влијанието на пандемијата ќе биде сè уште присутнои во геополитиката, здраствената заштита и технологијата.
Ова укажува дека нема да можеме да се вратиме во нормала како што беше порано и ќе треба да очекуваме „нова постковидна реалност”, или таканаречена „нова нормалност”.Затоа, треба да бидеме подготвени за „новата нормалност“ и за новата постковидна перспектива.
Од тие причини, оваа конференција повикува на истражувачки трудови на теми поврзани со миграцијата, со акцент на влијаниeто на пандемијата во постковидниот период, како и на теми зададени подолу, но не ограничувајќи се само на нив:
– Миграција и развој: културни, политички, економски и социјални влијанија
– Заштита на човековите права, безбедноста, здраствената состојба и благосостојбата и заштитата на мигрант(к)ите
– Безбедноста и миграцијата вопостпандемскиот период
– Појава на нова глобална комуникација
– Економските предизвици и можностите во „новата нормалност”
– Едукација и настава од далечина (𝐞-𝐥𝐞𝐚𝐫𝐧𝐢𝐧𝐠) како нов тренд
– Психо–социјалните влијанија навиртуелните мрежи
– Влијанието на информатиката и кибернетикатаврз општеството и културите
– Нов хоризонт за дигитален дизајн
– Идните архитетонски трендови и просторните планирања
– Предимензирање на просторот во „новата реалност”
Краен рок за доставање на апстрактите е 22. мај 2021 година.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.migration.unt.edu.mk/