После пет години посветеност и пожртвуваност денес го доживеавме неизмерното задоволство кога ја видовме парадата од толку многу млади момчиња и девојчиња кои чекореа пред своите родители и пред сите нас. Кога започнавме, знаевме дека нè очекуваат тешкотии, но бевме сигурни дека ќе успееме. И ние го сторивме тоа успеавме. Честитки за сите.
Говор на ректорот на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Азиз Положани по повод промоцијата на втората генерација на апсолвенти
Образованието, науката и технолошкиот развој се основа на секој концепт за современ развој на едно општество. Мишел Фуко(M.Fokault) напиша дека „образованието е силата преку која едно општество може да оди напред“.
Врз основа на овој пост, група студенти од Македонија пред четириесет години во Приштина, на организиран начин дојдовме во Скопје од тогашните институции да побараме проширување на Универзитетот во Скопје со програми и на албански јазик.
Нели ние тогаш, г. Ахмети, бевме заедно во таа група со уште многу други пријатели, како што бевме тогаш сега повтроно сме заедно и започнавме со основањето на овој универзитет, рековме: „Развојот на земјата може да се забрза со најмасовно вклучување на младинскиот потенцијал во високото образование. Високото образование на албански јазик ќе го зголеми овој потенцијал и ќе го воспостави во служба за побрз развој на целото општество и земјата “.
Тогаш тие нас не нè послушаа, но како велат старите добрите работи, ‘закаснуваат, но не се забораваат’ Сега, по големите општествени и политички трансформации и особено по Охридскиот договор, кој оваа година ќе ја одбележи својата дваесетгодишнина, ние го отворивме патот и ја презедовме одговорноста да ја создадеме нашата иднина, заедно со нашите сограѓани, во согласност со потребите на времето со нашите и потребите на земјата.
Врз основа на ова мото, но и за задоволување на потребите на новите генерации и општеството, Собранието на Република СМ го основаше универзитетот тука во Скопје, во нашиот главен град, кој отвори нова перспектива и дополнителни можности за развој на повеќе насоки, како во земјата, така и во поширокиот регион. Врз основа на овој факт, од самиот почеток, мисијата на нашиот универзитет беше дефинирана:
„Унапредување на процесите на интеграција и прилагодување на новите генерации во глобалниот контекст, едукација и обука на нашите млади во согласност со потребите на пазарот во услови на 4-та Индустриска револуција и унапредување на социјалната кохезија во нашето општество’’.
Со цел, свесни сме за тешкотиите, но убеденидека сме на добар пат, ние денес, по пет години, излегуваме повторно пред вас, пред даночните обврзници од земјата и пред властите со чувство на одговорност за ова мисија, но и со гордост како Основач,
Собранието на Република СМ, со својот основачки акт на 24-ти декември 2015 не почести нас, граѓаните на Скопје и сите граѓани на државата, именувајќи го ова гнездо на знаење и наука со името на нашатанајсакана и најпозната ќерка, ГонџеБојаџиу – Мајка Тереза, светицата од Калкута.
Во 2016-та беше отворена првата академска година на Универзитетот „Мајка Тереза“, а денес сме собрани тука да им го честитаме завршувањето на студиите на втората и воедно третата генерација на студенти нанајмладиот универзитет во нашата земја, Ви посакувам се најдобро и многу среќа.
Драги студенти, почитувани идни колеги,
Организацијата на оваа церемонија, учеството на владините и парламентарните власти, како и присуството на вашите родители сигурно ќе остане во вашите сеќавања како посебен ден,но исто и за сите нас со историски димензии, бидејќи вие сте првите генерациина студенти на нашиот универзитет. Но, во исто време тоа ќе ве потсети на вашата обврска која треба чесно и достоинство да ја продолжите во животот кој е пред вас, без оглед на тоа дали ќе одлучите да ги продолжите студиите или ќе пак ќе се вработите.
Сигурен сум дека вие гордо ќе се сеќавате на почетоците на овој Универзитет, кога вие заедно со нас, бевме 200 лица, 160 студенти, 30 професори и едвај 7-8 превземени администратори. И сега кога сте на крајот од вашите студии, ќе бидете горди што пет години, надминувајќи ги повеќето тешкотии, благодарение на вашата упорност, работа и пожртвуваност од академскиот и административниот кадар и владината поддршка, денес броиме околу 2.500 лица, од кои 2300 студенти, 150 професори и околу 50 вредни администратори, односно десет пати повеќе.
Универзитетот, кој започна со 5 факултети и 12 програми, денес имаме 24 акредитирани програми во првиот циклус и 12 во вториот циклус. Секоја година, дури и во годината на пандемија, дојде до зголемување на бројот на студенти и на двата циклуса, зголемување на квалитетот и академско – научните звања на нашиот академски кадар, обемна меѓународна соработка која ја крунисавме со заеднички магистерски дипломи со други постари универзитети во светот како што се Sassarit во Сардинија, Италија, и зголемување на бројот на студенти и професори во програмите на Еразмус и другите програми како што се CEPUS, COST и др.
Универзитетот организира три редовни меѓународни конференции и објавува две списанија од кои едното е научно и индексирано во Меѓународниот регистар на научни списанија. Студентите го издаваат нивното списание „Студент“, кое неодамна го објави својот нов број. Универзитетот има и свое радио „Студентско радио УМТ“, кое започна со емитување на програми за студенти.
Нашиот универзитет, следејќи ги социјалните и економските трендови во земјата и пошироко, пред еден месец го основаше „Институтот за миграција, мобилност и
благосостојба“, кое има за цел да ја истражи оваапроблематика со голем интерес на научна основа.
Исто така, ги зголемивме и лабораториските капацитети во сите области на студии, особено на техничкиот, технолошкиот, архитектура и дизајн.
Исто така, во изработка е и институционалната проценка на универзитетот, соочувајќи ја со трендовите на пазарот на трудот, со цел да се прилагоди понатамошниот развој на универзитетот.
За да се постават на едно место сите овие идеи и цели, по неуморната работа, посветеност и поддршка која досега сме ја имале од Владата, општина Чаир која ни ги даде на располагање просторите на училиштето и спортските сали, ние заедно со вас имаме право да го дочекаме и обележиме завршувањето на административните процедури за новата локација посветена на Универзитетскиот комплекс и создавање на стандардизирани услови за академски активности како основен услов за повисоки квалитетни студии и научни истражувања.
Почитувани присутни,
Почитувани студенти и родители на студентите што нè почестивте со вашето присуство денес.
На почетокот споменав дека нашата задача и задачата на високото образование е генерално да го олесниме соочувањето на помладите генерации со многуте предизвици со кои се соочуваат во оваа време, дефинирана како 4 –та Индустриска револуција.
Да бидеме појасни, по три револуции, онаа на Џејмс Ват, електрицитетот на Едисон и Интернетот, оваа четвртата ги опфаќа сите нив правејќи ги меѓусебно зависни од човекот и за доброто на човештвото. Употребата на информатичката технологија, комуникацијата во глобални услови, не само што ќе го промени начинот на работа, туку и нашиот начин на размислување, правејќи не сè повеќе да бидеме зависи од технологијата. Затоа, подобро запознај се сам себе, запознавањето едни со други и запознавањето на другите култури ќе бидат од клучно значење за благосостојбата на секој поединечно и засите нас.
Ако хронолошки гледаме дека од парната машина до електричната енергија требаше да поминат 200 години, од тогаш до третата револуција 100 и од третата до оваа четврта која за прв пат се промовира во 2015 година од проф Shwab (Wold Economic Forum)) за повеќе од 40 години, немаме друг избор освен да прифатиме дека промените и напредувањето на технологиите кои доаѓаат ќе се случат уште побрзо.
Се лажеме ако сметаме дека овие случувања се далеку од нас, предизвик кој не ни припаѓа нам. Колку и да ни изгледа овој предизвик далечен, ве уверувам дека тој со соодветната димензија, веќе е тука, меѓу нас.
Соодветна подготовка, примена на знаењето и збогатувањето со нови компетенции ќе ја олесни и научната и економската и меѓучовечката комуникација. Колку и да ни изгледа
тешко би ни било полесно доколку започнеме да ги применуваме во нашето секојдневие, меѓу нас индивидуално и институционално, меѓу соседите, и со нашите сограѓани.
Но, за да и дадеме вистинско значење на 4-та Индустриска револуција, колку и да е минимално, ние треба да ги подобриме нашите училишта, нашето учење, нашиот образовен систем и воопшто нашиот научен систем. Оваа револуција, како што изгледа, не води кон иднината. Иднината се гради, само со знаење. Таа започнува во семејството, во училиштата, на универзитетите, но не завршува тука. Затоа, ве молам, дозволете ни сите заедно да размислиме во овој поглед.
На самиот крај, драги студенти, апсолвенти на Универзитетот Мајка Тереза,
Во име од целиот кадар на Универзитетот, би сакал да Ви се заблагодариме на вас и на вашите родители за вашата довербата која ни ја дадовте за образованието на вашите деца.
Каде и да сте без разлика дали работите, почитувајте сесебеси и сите нас. Ние нема да ве заборавиме. Добредојдени сте секогаш кога ќе почувствувате потреба, но зошто да не и ако имате желба и да ни помогнете.
Ви посакувам, среќа и успех во животот!