Струга, април 2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го продолжи својот промотивен караван во градот Струга, каде што ангажираниот тим ги претстави можностите за студирање и богатата универзитетска понуда за новата академска година 2026/2027.
Интересот на матурантите беше исклучително голем за време на одржаните средби во средното општинско училиште „Ибрахим Темо“, како и во средното стручно училиште „Нико Нестор“. За време на овие презентации, учениците одблиску се запознаа со иновативните програми на осумте факултети на УМТ, современите услови во новиот кампус, како и со бројните можности за стипендии и меѓународна мобилност.
Промотивниот тим на УМТ, составен од Блерта Кондри, Хава Реџепи, Валмир Далипи и Генти Реџи, водеше активни разговори со потенцијалните студенти, одговарајќи на нивните интереси за дефицитарните насоки на пазарот на трудот и предностите кои ги нуди студирањето во главниот град.
Оваа активност е дел од стратегијата на УМТ да биде што поблиску до младите, насочувајќи ги кон правилни професионални избори кои гарантираат успешна кариера. Универзитетот „Мајка Тереза“ упати благодарност до раководствата на средните училишта во Струга за нивното гостопримството и одличната соработка во реализација на оваа промоција.
На УМТ започнува твојата академска иднина.
