ДЕЛЕГАЦИЈА НА УМТ ДЕЛ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА ГОНЏЕ” НА 111- ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Скопје, 26 август 2021 година- Делегација на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, денеска учествуваше на церемонијата за обележувањето на 111- годишнината од раѓањето на Албанската нобеловка Гонџе Бојаџиу- Света Мајка Тереза. Делегацијата составена од проф. д -р Аргетим Салиу, м-р. Бесир Ибиши и Семиа Шабани во присуство на делегации од релевантни институции од земјата и дипломатскиот хор во РСМ ставија венци во спомен на високите хуманитарни дела на националната нобеловка Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.

Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година. За нејзините животни вредности, Мајка Тереза беше прогласена за светица од Ватикан, додека денес во нејзиниот главен град, Универзитетот „Мајка Тереза” гордо го носи нејзиното име.