Во чест на 5-годишнината на УМТ, во Матка беше организиран еднодневен марш
ПРОФЕСОРИ И СТУДЕНТИ НА УМТ МАРШИРАА ДО ВРВОТ НА МАТКА
Скопје, 21.10.2021 година Во склоп на активностите за одбележување на 5-годишнината од отпочнувањето со работа на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, студенти и професори од студиската програма „Спорт и спортски науки“ при Факултетот за социјални науки, организираа спортска активност насловена „ Еднодневен марш и народни игри“.
Во реализацијата на оваа активност учествуваше академскиот кадар предводен од проф. Др. Блерим Саити и студентите на студиската програма за спорт, кои беа придружувани од генералниот секретар на Универзитетот, м-р Бујар Кајоли.
Активноста започна од Мечкина пештера во Матка, со марш кон црквата Свети Василиј. По кратка пауза на врвот на Матка, се одржаа традиционални народни игри, како влечење јаже и Дебарски замок.
По завршувањето на игрите, групата го започна спуштањето до почетната средба, Мечкина пештера.
УМТ во текот на октомври организира повеќе активности, во чест на 5-годишнината од отпочнувањето со работа.