Делегацијата на УМТ постави цвеќиња на спомен плочата на Мајка Тереза во центарот на Скопје

Скопје, 26 август 2022 год. – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје по повод 112-годишнината од раѓањето на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза организираше трибуна посветена на роденденот на Мајка Тереза со учесници од академскиот кадар на универзитетот како и надворешни учесници.

Делегацијата на УМТ предводена од ректорот, проф. Др. Изет Зеќири посатви цвеќиња на спомен плочата на Мајка Тереза. По поставувањето нацвеќињата, делегацијата продолжи со трибуна во просторите на Галеријата „Омер Калеши“.

Трибината ја отвори ректорот Зеќири, со следниве зборови: „Мајка Тереза со својата неуморна работа, нејзината посветеност кон луѓето и нејзиниот хуман дух донесе светлина и љубов на целиот свет и стана надеж за милиони сиромашни луѓе ширум светот. Беше и ќе остане инспирација за многу општества и земји“.

Тој исто така истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како единствена високообразовна институција на албански јазик, го носи и секогаш ќе го носи нејзиното име со гордост.

На оваа трибуна збор доби г-ѓа Кадрије Зејнулаху поранешена новинарка дипломирана на Филолошкиот факултет по албански јазик. Таа направи неколку елаборати за нејзината книга со наслов „Мојата мајка, Мајка Тереза“, и истакна дека светот денес има потреба за повеќе љубов.

Проф. Ризван Сулејмани своите елаборати ги имаше на темата „Влијанието на Мајка Тереза врз светската политика и дипломатија“ каде истакна дека: „Мајка Тереза придонесе за современата политика, за создавање нов политички дискурс кој не само што ќе успее да ги реши кризите на сиромаштијата, туку и социјалните и граѓанските проблеми“. – изјави професорот Сулејмани.

Доц. д-р. Елисабета Ологу – посебна посветеност имаше на темата „Мајка Тереза, инспирација за жените и за целото човештво“ која со своите зборови истакна дека: „Покрај тоа што е повеќедимензионална и сложена фигура, Мајка Тереза останува и контроверзна фигура. и предмет на критика, каде што меѓу нив различни феминистки, на времето, ја критикуваа фигурата на Мајка Тереза, гледајќи ја како идеолошки позиционирана фигура – конзервативно усогласена со патријархалниот социјален поредок, и оваа последнава останува центар на критиката за феминизмот. Сепак, верувам дека идеологијата на Мајка Тереза беше „човечност“ и оваа ниска жена со голема душа ја остави една од најретке наследства, онаа на универзалните вредности и овие вредности не им припаѓаат на мажите или жените, туку на целото човештво“. – рече професорката Ологу.

Проф. д-р. Сунај Раими, воедно и декан на Факултетот за Социални Науки, елаборираше на темата „Космополитската димензија на животот и делото на нашата мајка Тереза“ каде во својот говор рече дека: „Хуманизмот, побожноста и волјата да се помогне секому и секаде беше и остана главен атрибут на антрополошката идентификација на оваа великодуховна Мајка. Свесни за ова духовно богатство на Мајка Тереза, сите ние смртниците имаме морална обврска дека дури и ако не можеме да направиме големи хуманитарни дела како неа, тогаш барем да постапуваме според нејзината безвременска порака која вели: Сите не можеме да правиме големи работи, но можеме да правиме мали нешта со голема љубов“! – изјави професорот Раими.

Проф. д-р. Уриме Шаипи Демири посвети посебно внимание на темата „Мајка Тереза, најдобрата амбасадорка на Албанците во светот“ каде преку фотографии и лични настани ја откри емотивната врска што ја имала со Мајка Тереза за време на неговите докторски студии во Брунеи Дарусалам, Југоисточна Азија. Таа нагласи дека Мајка Тереза поголемиот дел од својот живот го поминала во Калкута, а во Азија е позната како Мајка Тереза од Калкута, ја почитувале и обожавале сите без разлика на вера или националност. Но, како оваа млада девојка од Скопје успеа да преживее на овој далечен континент, далеку од семејството, далеку од својата земја, помагајќи им на најсиромашните од сиромашните? Потребни се студии за социолошкиот аспект на Мајка Тереза со цел подобро да се разбере нејзината универзална димензија и влијанието што Мајка Тереза сè уште го има во светот денес.

Проф. д-р. Мустафа Ибрахими на тема „Мајка Тереза во светската филателија“ зборуваше за интересни филателистички материјали со ликот на големата Албанка, симболот на хуманизмот, нобеловката Мајка Тереза. Портретот на овaa хуманистка за човештвото, покрај во Албанија, Косово и Македонија, е репродуциран и во многу земји во светот. Над 100 земји именуваа околу 400 деференти со портретот на Мајка Тереза, но и со истакнати светски личности. Првиот светски печат со нејзиниот портрет беше именуван во Индија, во 1980 година, останувајќи една од најинтересните историски теми ширум светот.“ – изјави професорот Ибрахими.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од своето основање посветува посебно внимание на издигнувањето на своето име кое го одржува со припишување на науката и емпириското истражување.

By