Скопје, септември 2022 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, одржа работна средба со директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, г-дин Агим Фејзулаху.
Ректорот Зеќири го информираше директорот за барањата на студент(к)ите за сместување во студентски домови и договорија соработка меѓу двете институции што ги застапуваат.
Директорот Фејзулаху го информираше ректорот Зеќири за услугите што ги нуди студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје и потенцираше дека домот е безбедно место и нуди квалитативни услови за образование и личен развој на студент(к)ите.