Скопје, 4.10.2022 год. – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, денес се сретна со новиот академски кадар од надвор, професор(к)и и демонстратор(к)и кои ќе се залагаат за дополнителен академски придонес, а соработката со нив се заснова на повикот за ангажман на факултетите на УМТ за учебната 2022/2023 година.

За време на средбата, ректорот им посака успех во работата и истакна дека максималната посветеност е значајна за создавањето на квалитативна настава што всушност е и основната цел на УМТ.

Новиот академски кадар од надвор, составен од професор(к)и и демонстратор(к)и, е од областите на градежништвото, информатиката, правните науки, математиката, технолошките науки, текстилот, биологијата, хемијата, како и од општествените науки, како што се: јавната администрација и политичките науки, социјалната работа и социјалната политика, новинарството и спортот.

By