СКОПЈЕ, 𝟏𝟔.𝟏𝟏.𝟐𝟎𝟐𝟐 Во рамките на празничните активности наменети во ноември, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, денеска во просториите на Албанскиот театар за деца и млади во Стара чаршија организираше промоција на следната студиска книга на проф. д-р. Мустафа Ибрахими „Албанскиот фолклор и етно-култура во Пелагонија“.

Обемната книга е збирка на податоци од традиции, обичаи, песни, поезии и културата на Албанците од Прилеп, Долнени, Битола и Ресен, содржи податоци кои авторот со страст ги собирал четири децении, додека присутните ја опишаа како вистинска енциклопедија за Пелагонија, единствена провинција каде албанската култура сеуште не била научно истражувана.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири рече дека професорот Мустафа Ибрахими направил многу тешка и вредна научна работа во текот на 40 години, анкетирање на многу жители од 47 населени места во Пелагонија, притоа додавајќи дека УМТ е горд што има вакви ценети професори.

Двајцата рецензенти на книгата проф. д-р. Зеќирја Незири и проф. д-р. Изаим Муртезани го сметаа за многу важно излегувањето на виделина на овие факти од секојдневниот живот на жителите Албанци од Пелагонија, кои сведочат за нивната вековна историја на овие простори и за организирањето на општествениот живот низ вековите.

Авторот на книгата „Албанскиот фолклор и етно-културата во Пелагонија“, проф. д-р. Мустафа Ибрахими рече дека собирањето податоци за речиси 40 години е доста тешка, но неповторлива работа бидејќи повеќето од анкетираните лица повеќе не се помеѓу нас, а младите ги немаат тие податоци што ги имале постарите. Тој им се заблагодари на многубројните гости, меѓу кои беа и заменик министерот за култура Даим Лучи, директорката на театарот Дијана Тоска, ветерани од образованието, роднини, пријатели и колеги од УМТ.

Авторот на книгата, проф. д-р. Мустафа Ибрахими е професор на УМТ, поранешен претседател на Сенатот, додека моментално е в.д. декан на Факултетот за Социјални науки.

By