Косово/Призрен, 18.11.2022 година – Потпишан меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје претставен од ректорот, проф. д-р. Изет Зеќири и Универзитетот „Укшин Хоти“ во Призрен, предводено од ректорот асс. д-р. Самедин Крабај, со цел зајакнувањето на соработката во областа на науката, технологијата и образованието.

Овој меморандум, има за цел да создаде рамка за соработка во областа на науката, технологијата и образованието. Овој напор доаѓа како одговор на глобалните и регионалните предизвици преку споделено искуство и комплементарни капацитети, како и генерирање и споделување на нови знаења и развој на производи и иновативни услуги.

Ректорот Зеќири, во име на УМТ упати благодарност до ректорот на Универзитетот „Укшин Хоти“, асс. д-р. Самедин Крабај со донирање на официјалното лого на нашиот научен храм во знак на благодарност и зближување на двата универзитета.

Соработката помеѓу двата универзитета ќе се развива во областа на филологијата, информатичките науки, правото, агробизнисот, еколошките науки и економијата. Исто така, механизмите и формите на соработка ќе се имплементираат во заеднички научни инструкции за магистерски и докторски студии, со организирање на практични работилници, симпозиуми и конференции од заеднички интерес во областа на науката, технологијата и образованието, како и развојот и спроведувањето на заедничките образовни програми, билатерални договори и научно-истражувачки проекти.

By