Скопје, декември 2022 – Кон крајот на семестарот студент(к)ите на студиската програма Социјална работа и социјална политика од Факултетот за социјални науки беа на неколку студиски посети во различни институции согласно нивните професионални и академски интереси.

Предводени од професорката Елисабета Бајрами Ологу, студент(к)ите го посетија центарот САВАНТ во Скопје, центар кој нуди различни психолошки, дефектолошки и логопедски услуги за деца и тинејџер(к)и.

Студентите ги пречека директорката на центарот, г. Хатиџе Сефа и другите членки и членови на персоналот и имаа можност одблиску да ја видат имплементацијата на различни терапии со деца и логопеди, психолози, дефектолози и др.

By