Скопје, 13.02.2023 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска преку Панел дискусија ги презентираше податоците од проектот Еразмус + за заштита на младите од опасностите предизвикани од социјалните мрежи.
Проектот е за подигање на свеста за опасностите поврзани со социјалните мрежи, како што се зависноста од социјални мрежи, опасни средби со непознати лица, крадење на лични и финансиски податоци, недостаток на контакт лице в лице и интерперсонални вештини, социјална изолација и намалена ментална благосостојба.
Ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири пред присутните: професорот Насер Мифтари и матурантите од СОУ „Зеф Луш Марку“ од Скопје, претставничка на првата детска амбасада „Меѓаши“, Фатмире Ајдари и носителот на проектот, професорот Владимир Китановски од УМТ, рече дека статистиката покажува дека младите трошат само 9 отсто од своето време на интернет за учење, 14 отсто за забава и 50 отсто за информации. Ректорот Зеќири на презентација на темата „Негативното влијание на социјалните мрежи врз младите“ рече дека проблемите кај децата се јавуваат покасно, додека таргет група биле децата на возраст од 14 до 19 години.
Проф. д-р. Владимир Китановски при изработката на проектот: „Спречување на опасните вирусни тенденции кај младите“ рече дека во овој проект за да се добијат што поточни одговори и најодржливи решенија за проблемите на младите со социјалните мрежи, земјите учеснички се во постојан развој, надвор од ЕУ, како што е нашата земја, потоа земји од регионот и од Европската Унија, со цел да се проучи како социјалните мрежите реагираат на различни општества и со различни нивоа на развој.
Г-ѓа Фатмире Ајдари, претставничка од првата детска амбасада „Меѓаши“ во Скопје, рече дека искуствата покажуваат дека булизмот започнува на 6-годишна возраст, додека станува пософистицирано до 14-годишна возраст, додавајќи дека оваа софистицираност особено зеде сила за време на пандемијата.
Предавањето на тема: „Искуствата на учениците од гимназијата „Зеф Луш Марку“ од виралните трендови на социјалните мрежи ги разви професорот на оваа гимназија, Насер Мифтари, кој рече дека проблемите на младите со социјалните мрежи се појавиле особено за време на online учењето, кое ни го наметна пандемијата Ковид19.
Панел дискусијата имаше за цел да ги идентификува начините за заштита на младите од опасностите на социјалните мрежи со цел во текот на имплементацијата на тригодишниот проект одобрен од образовната програма на ЕУ Еразмус+ да се најдат модули кои можат да се користат за заштита на децата и младите. Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје овој проект го спроведе со партнерските институции како што се Здружението „Follow me “ од Бугарија, Академијата за политички развој од Австрија и Здружението Урбан форум од Полска.